Четири лица повредени од кучиња во Скопје

Четири лица пријавиле напад од кучиња во текот на вчерашниот ден.

Триесет и четири годишна жена од Центар пријавила каснување од куче скитник во пределот на левата нога, на булеварот „ВМРО“.

Уште две кучиња скитници каснале човек на плоштадот „Македонија“, а во полициската станица Центар бил пријавен и напад од глутница кучиња скитници на улицата „Максим Горки“.

Последниот случај во текот на вчерашниот ден се однесува на напад од глутница кучиња на булеварот „Илинден“, при што маж пријавил дека бил каснат за десната потколеница.