Четири лица каснати од кучиња скитници

Полицискиот билтен регистрираше четири случаи на каснување од куче скитник.

Првиот настан се случил во с. Долна Матка каде вчера во 09.30 часот во Полициското одделение Сарај, 75-годишниот П.С. пријавил дека бил каснат од куче скитник

На другиот крај на скопје во Шуто Оризари, 37-годишната К.Д. од Скопје пријавила дека на ул.„Нов живот“ во Скопје била касната од куче скитник.   

Во центарот на градот, 19-годишниот М.И. исто така пријавил дека бил каснат од куче скитник на ул.„Димитрија Чуповски“ во Скопје, и

Денеска во 01.00 часот во Полициската станица Драчево, М.Д.(57) од Скопје пријавил дека ул.„Румена Хаџи Панзова“ во Скопје бил каснат од куче скитник.