Четири лета неделно од Скопје за Доха, а виза на аеродром

Македонија е ставена на листата земји за кои важи олеснителен визен режим за влез во Катар, со што македонските државјани визата ќе можат да добијат при пристигнување на аеродромот во Доха.

Од понеделникот во функција е ставена и редовна редовна директна авиолинија Доха-Скопје, што ја одржува авиокомпанијата Катар ервејс, со четири летови неделно.

Воспоставувањето на директната авиолинија Доха-Скопје е од огромно значање за Република Македонија и Катар бидејќи се отвораат бројни можности за значајно унапредување на соработката во секторот на економијата, туризмот, културата, инвестициите како и други области од заеднички интерес, оцени министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на вчерашната промоција на Катар ервејс во Скопје.

- Тоа се совпаѓа токму со намерите на новата реформска Влада за обезбедување на услови за привлекување на странски инвестиции во функција на развој на нашата земја. Дополнително, се отвораат бројни можности и за домашните компании за проширување на сопствените бизниси и пласирање на производите на нови пазари, истакна тој. Сугарески додаде дека директната врска со главниот град на Катар е значајна за нашата држава, зашто преку Доха се овозможува и поврзување со многубројни дестинации низ целиот свет.

- Она што сакам да го потенцирам е дека оваа линија е од огромно значење и за македонските граѓани кои живеат во Катар. Моментално над илјада државјани на Република Македонија кои живеат и работат во Катар се етаблирани во тамошното општество и претставуваат исклучителен потенцијал за градење на меѓусебните врски. Исто така во авиокомпанијата Катар работат над 100 млади лица кои се дел од високо професионланиот кадар на оваа компанија, посочи министерот.
Според директорот на компанијата ТАВ Македонија која стопанисува со макеоднските аеродроми, Доха ќе биде возбудлива можност за патување за македонските граѓани, како за бизнис така и за туризам, но, исто така, ќе биде нова прилика за Македонците кои живеат во Австралија и во Нов Зеланд, да ја посетат својата татковина.

- Освен тоа, се надеваме дека Македонија со природните убавини и културно-историското наследство, ќе биде откриена како интересна дестинација од катарските туристи и претставници на бизнис-заедницата. Присуството на "Катар ервејс# во Македонија како бренд, ќе го направи Скопскиот аеродром уште попривлечен како пазар, отворајќи нови можности за развој, и дополнително ќе придонесе во понатамошен раст на авиосообраќајот, истакна тој на промоцијата.
Според главниот комерцијален директор на „Катар ервејс",Ехаб Амин летовите за Скопје за компанијата Катар Ервејс се портата до источна Европа, пеку нивниот центар, интернационалниот аеродром „Хамад" во Доха.

- "Катар ервејс# е горд што го носи доживувањето со пет ѕвезди во македонскиот главен град, којшто е толку богат со култура и со историја# - изјави главниот комерцијален директор на "Катар ервејс#, истакна тој.

"Катар ервејс# ќе ги оперира четирите неделни лета до Скопје со наградуваниот воздухоплов "ербас А320# што вклучува 12 седишта во бизнис класата и 132 во економската. Дополнително, почетокот на услугата за карго превоз до Скопје со "Катар ервејс карго# ќе го поддржи растот на воздухопловната трговска размена во Република Македонија со тоа што земјата ќе ја поврзе со главните увозници во североисточна Азија преку врвниот центар на авиокомпанијата во Доха. Новиот Центар за климатска контрола на карго превозникот уште повеќе ги подобрува беспрекорните решенија на ладен ланец и нуди перфектни транзитни услуги што ќе го поддржат извозот на свежо овошје и зеленчук од Скопје.