Четири концерти на „Три круши 2018“ во наредните денови

Четири фестивалски вечери следат од утре до недела на културното лето „Три круши 2018”. Со почеток во 20 часот, утревечер, четврток 19.07.2018, концерт ќе одржи Миле Кузмановски.

На Три круши во селото Драчево, доколку дозволат временските услови, во петок, 20.07.2018, настапува Бени НОН СТОП, а во сабота, 21.07.2018, Блага Петреска со Ѓоко Дончев, додека во недела концерт ќе одржи Дани Димитровска.

Сите случувања во рамки на културното лето на Општина Кисела Вода започнуваат во 20 часот и влезот за нив е бесплатен.