Четири индијански принципи за подобар живот

Прв принцип: Никој не влегува случајно во нашиот живот

Сите луѓе во нашата околина претставуваат нешто – без оглед на тоа дали треба да научиме нешто од нив или да ни помогнат да ја поправиме моменталната ситуација.

Вториот принцип: Што и да се случило е единствената работа која можела да се случи

Ништо, апсолутно ништо од она што сме го доживеале не можело да биде поинаку. Дури и најмалите работи. Залудно е мислењето: „Ах, да можев да направам нешто поинаку, сега работите би биле поинакви.“ Не. Она што се случило е единствената возможна опција која можела да се случи и морала да се случи – за да научиме лекција и за да одиме напред. Секоја ситуација во која се наоѓаме е апсолутно совршена, дури и кога ѝ пркоси на нашето разбирање и го предизвикува нашето его.

Третиот принцип: Секој момент во кој нешто започнува е вистински момент

Сè започнува во вистинскиот момент, ниту прерано, ниту предоцна. Кога сме подготвени за тоа, за нешто ново во нашиот живот – тоа е тука, подготвено за да започне. 

Четвртиот принцип: Она што завршило – завршено е

Тоа е толку едноставно. Кога нешто во нашиот живот ќе заврши, тоа му помага на нашиот развој. Затоа, збогатени со новото искуство, подобро е да се опуштиме и да тргнеме понатаму. Воопшто не е случајно тоа што вие го читате ова. Ако овие зборови ве допреа, тоа е затоа што токму тоа е она што ви е потребно во моментов и сте сфатиле дека ниту една снегулка не може да падне на погрешно место.