Четири Филиповци – 15 гола: Лазаров со победничко селфи по вчерашниот меч

Во македонската ракометна репрезентација играат четири Филиповци, а тие вчера заедно запишаа 15 гола и беа едни од најдобрите на теренот.

Најмногу голови зад своето име во победата на Македонија од 29:28 запиша Филип Кузмановски кој имаше 5 гола, Филип Миркуловски запиша 4 голови, Филип Талески и Филип Лазаров избројаа до три.

Филип Лазаров на Инстаграм објави фотографија на која се токму четирите Филиповци, фотографија која ги воодушеви сите македонски фанови. Тој покрај фотографијата напиша „Филип Македонски“.