Завчера во 15 часот на излезот од Прилеп кон Битола, се случи сообраќајна несреќа помеѓу „фолксваген голф” со крушевски регистарски ознаки, управуван од Џ.З.(29) од селото Борино, крушевско, патничко моторно возило „ауди” со битолски регистарски ознаки, управувано од В.К.(44) од Битола, патничко моторно возило „мерцедес” со словенечки регистарски ознаки, управувано од В.Б.(49) од Република Словенија и патничко моторно возило „бмв” со велешки регистарски ознаки, управувано од С.М.(18) од Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Џ.З., констатирани во Градска болница Прилеп, информираа од МВР во дневниот билтен.
Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.