
Денеска околу 05:00 часот, од страна на полициски службеници од Регионалниот центар Запад, приведени биле четири лица од Република Албанија кои биле затекнати при вршење незаконит риболов во водите на Преспанското Езеро, во период кога е во сила активна забрана за риболов.
Од МВР информираат дека од извршените проверки било констатирано дека лицата нелегално ја преминале државната граница.
На местото на настанот бил пронајден крап со вкупна тежина од околу 60 килограми.
„По целосното документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок“, посочија од МВР.