Чешка нов противник на македонските одбојкари

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија денеска ќе го игра вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство.

По вчерашниот убедлив пораз од Романија (0-3), македонските одбојкари денеска за противник ќе ја имаат репрезентацијата на Чешка, која во 1.коло славеше убедлива победа над Естонија со 3-0.

Дуелот Македонија- Чешка кој се игра во рамките на Ф квалификациска група чиј домаќин е романскиот град Крајова ќе започне од 17 часот. Во вториот меч од групата ќе играат домаќинот Романија и селекцијата на Естонија.

Вториот турнир ќе се игра во чешкиот град Јаблонец од 23 до 25 септември, а пласман на ЕП ќе обезбеди само првопласираната селекција, додека второ рангираната ќе игра во баражот.