Хрватскиот ракометен селектор Лино Червар  го соопшти конечниот список на ракометари кои ќе патуваат за Минхен, на СП во ракомет во Германија и Данска.

Во составот на хрватската селекција, која е противник на Македонија, логично се најдоа вардарецот Игор Карачиќ, довчерашниот среден бек на Вардар, Лука Циндриќ, но во последен момент место во составот обезбеди и екс-играчот на Металург, Халил Јагањац. Тој на СП ќе патува на местото на повредениот Леон Шушња.

Стратегот Червар претходно од списокот ги пречкрта Филип Ивиќ и Лука Шебетиќ.

Хрватска против Македонија на СП ќе игра на 14 јануари.

Во составот на „коцкастите“ се: Марин Шего, Иван Стевановиќ, Мануел Штрлек, Давид Мандиќ,Златко Хорват, Иван Вида,Жељко Муса, Марин Шипиќ, Крешимир Козина, Дамир Бичаниќ, Иван Слишковиќ, Халил Јагањац, Ален Блажевиќ, Домогој Дувњак, Лука Циндриќ, Игор Карачиќ,Лука Степанчиќ, Јаков Вранковиќ.