Червар: Не треба да играме како „мачиња“, треба да бидеме „лавови“

Селекторот на македонската репрезентација, Лино Червар, е задоволен од залагањето на ракометарите. Тој се радува што конечно националниот тим ќе биде комплетен, пишува Македонски Спорт.

"Играчите одлично ги издржуваат овие тренинзи и со нетрпение го чекаме доаѓањето на Дејан Манасков и Филип Миркуловски. Со тоа конечно, ќе бидеме едно комплетно семејство. Во Франција треба да се бориме на секоја педа од теренот. Не треба да играме како 'мачиња' туку на теренот треба да сме лавови. Ние сме една мала земја и мораме да покажеме големо срце на теренот.Ме импресионира желбата за тренинг. Како што знаевте минатата недела имавме проблеми со вирус на некои ракометари. Но, тие се појавија во сала со температура и тоа секако дека е доволен доказ дека сакаат големи резултати", вели Лино Червар.