Челзи ќе гостува во Скопје и ќе игра против Работнички?!

Пријателскиот натпревар би требало на се одигра на 23. јули на националната арена “Филип Втори”.

Спортскиот портал “ЕКИПА” ја пласираше сензационалната информација дека е можно, актуелниот шампион на Англија, тимот на Челзи да одигра пријателски натпревар во Скопје против екипата на Работнички.

Пријателскиот натпревар би требало на се одигра на 23. јули на националната арена “Филип Втори”.

Контактите се веќе воспоставени со посредство на менаџерска агенција, која на Работнички му го понуди Челзи, како можен противник во рамките на нивната летна турнеја.

Добивме понуда од менаџерска агенција како ФК Работнички, да бидеме домаќини на Челзи на пријателски натпревар, што би се одиграл во Скопје, на арената „Филип Втори”, на 23.јули 2016 година, генералниот секретар на ФК Работнички, Ненад Монев.

Можниот спектакл го најави и спортскиот директор на Работнички, Иван Поповски.Чест ни е што ФК Работнички е сепак одбран како клуб на кој му е понудена една ваква можност. Секако, треба да се исполнат многу услови, а ние посакуваме и се надеваме дека со несебична помош и од други спонзори, би го донеле Челзи во Скопје на пријателски натпревар. Тоа дефинитивно ќе биде промоција за Работнички, но пред се огромна промоција за македонскиот фудбал, Поповски.