Чекаш повторно да се заљубиш, чекаш зима, чекаш лето, чекаш подобри времиња: Кога ќе се свестиш можеби ќе биде доцна!

Се жениш пред 30-та година, затоа што така треба. Нормален си. Имаш две деца. Диплома. Работа. Сметки за струја. Сметки за телефон.

Летување од 10 дена. Можеби 15. Викенд во Солун. Плус здравствено осигурување.

Пензиско осигурување. Сметки за греење. Од канцеларија мораш да трчаш дома.

Денес е недела. Секоја втора недела водиш љубов. Со изгасено светло. Мирно. Мисионерски. Понекогаш и во четврток кога ќе ти откаже психијатарот.

Биди нормален. Петок е денот кога твојата едноставна жена готви боранија. Си се откажал од сонот да чуваш пчели. И од тоа почесто да се смееш.

Идеш во теретана, затоа што така треба. Се возиш во колона. Никогаш не пресекуваш пат. Нешто повеќе како да не умееш да сакаш. А би сакал. Подоцна и таа желба престанува.

Лажеш дека си добро. Лажеш дека се смееш. Лажеш. Не ти смета прашината на омиленото цеде. Пушиш цигари во тајност.

Пцуеш возачи. Пцуеш пешаци. Пцуеш велосипедисти. Пцуеш соседи. Ја пцуеш жената. Ги пцуеш децата. Го пцуеш Бог. Го пцуеш животот.

Сметки, сметки, сметки. Имаш премногу брчки. Пар години живееш во странство. Некаков вид бегање од самиот себе.

Понекогаш се опијануваш. Никогаш сам. Со друштво. Затоа што така треба.

Пееш, затоа што велат дека тие луѓе се весели. Во август отплаќаш кредит.

Имаш 20 години повеќе. Чекаш лифт. Морничаво си мирен кога ќе се расипе.

Чекаш во ред. Чекаш во банка. Чекаш жена ти повторно да ти каже дека те сака.

Чекаш повторно да се заљубиш. Чекаш лето. Чекаш децата да завршат со школување.

Чекаш да ја омажиш ќерката. Чекаш да го ожениш синот. Чекаш да се пензионираш.

Ја чекаш следната година.
Ја чекаш следната година.
Ја чекаш следната година.
Ја чекаш следната година.

Исправи се. Оди бос. Тогаш смееш и да одиш по трева. Пливај додека заоѓа сонцето.

Зборувај со луѓето кои ги сакаш. Никогаш не ги превртувај палачинките со нож или со рака, само со фрлање во воздух. Ќе ја одлепиш палачинката од ѕидот, не се секирај.

Научи да ги кршиш јајцата со една рака. Нишај се во три наутро.

Нарачај 5 топчиња сладолед. Насмеј се на предупредувањето: САМО ЗА ДЕЦА. Помини под прскалките во паркот.

Застани пред вратат со сензор, плесни со рацете и прави се дека се отворила поради твојата команда.

Фрли една-две капки вода на топла рингла и замисли дека си волшебник кој прави магии. Шетај покрај река. Стави прст во реката, нема да останеш без него.

Води љубов. Наутро. Напладне. Навечер. Во 2. Во три не можеш, тогаш одиш да се нишаш. Постојано води љубов. Секаде.

Но, не со секого.
Никако со секого.