Чекајте ја личноста која нема да сака да ве промени, но ќе ви помогне да созревате

„Луѓето созреваат кога се сакани како што треба. Ако сакате да им помогнете на другите да се залечат, сакајте ги без агенда.“ – Мајк МекАргју

Не можеме да сакаме некого со надеж дека еден ден ќе се променат и ќе станат личноста која ние сакаме да бидат.

Да се сака некого значи да се прифати таков каков што е, целосно, во овој момент. Не само да се прифати, туку и да откриеме кои се всушност тие, вклучувајќи ги и оние делови кои не ги сакаме, поради тоа што не знаеме што може да поттикнат во нас.

Сепак, многумина од нас влегле во врски со надежта и очекувањата дека со тек на време, личноста со која сме ќе престане да прави одредени работи.

Вистината е дека тоа не е љубов. Тоа е нашата желба тие да станат нешто што ние мислиме дека треба да бидат.  Да се пристапи на врската со очекувања за промена значи дека автоматски губиме увид на важноста за тоа каде се нашите партнери во нивното патување низ животот и наместо да им помогнеме да созреваат на начинот на кој треба да созреваат, ние поставуваме пречки и скршнувања, затоа што сакаме да растат само на начините на кои ние сакаме да растат.

Наместо тоа, ајде да се свртиме кон свесната љубов, да направиме избор да сакаме некого без очекувања дека ќе се променат, туку да очекуваме дека ќе созреваат. Тоа значи дека знаеме дека еден ден можеби ќе созреваат во поинаква насока од нашата.

Никој од нас не сака да се менува, никој не сака некој да им каже дека ги сака, но дека ќе не сакаат повеќе ако се облекуваме поинаку, ако не зборуваме толку гласно или ако немаме пријатели од спротивниот пол.

Но, за да го најдеме тоа што го бараме, секој од нас треба да направи избор да ја чека љубовта која не сака да не промени, но очекува од нас да созреваме.

Најдобриот партнер ќе сака да ни помогне во нашето созревање и еволуција на душата, не затоа што сака да не промени, туку затоа што се надеваат дека ќе се пронајдеме самите себе.

Понекогаш можеме да бидеме толку сакани што всушност стануваме повеќе свесни за тоа кои сме ние. 

Секој од нас треба да продолжи да се развива и она за кое се интересираме или истражуваме, ќе биде различно секоја година. Треба да пробуваме нови работи, да читаме нови работи и да откриеме каква личност навистина сме и каков живот треба да живееме. Најубава работа е што одредени луѓе можат да ни помогнат во ова.

Затоа што кога сакаме некого, не затоа што сакаме да се променат, туку наместо тоа сакаме да ги инспирираме да созреваат, тогаш ја оставаме вратат отворена за се што може да се случи. Ние не ја ограничуваме нивната големина со нашите ограничени идеали, но наместо тоа чекаме да видиме каква магија ќе се случи кога ќе го направиме изборот да сакаме некого токму онакви какви што се.