Чекајте да се појави добар човек во вашиот живот

Чекајте да се појави добар човек во вашиот живот. 

Чекајте да се појави некој полн со почит, но не само на почетокот на врската, кога работите се сјајни и прекрасни, туку кога работите нема да бидат најдобри. Чекајте некој кој ќе ги почитува вашите граници и кој нема да ве тера со сила да правите работи кои не сакате или сѐ уште не сте подготвени да ги направите. 

Чекајте некој кој не брои што сѐ направил за вас. Чекајте некој кој умствено ве предизвикува. Некој кој ве поттикнува да бидете подобра личност. Чекајте некој кој не брза и сака убаво да ве запознае и разбере. Чекајте некој што е постојан во неговите напори да ви покаже колку се грижи за вас. 

Чекајте некој кој ви дава на знаење дека мисли на вас, некој кој постојано проверува дали сте добро и некој кој сака да знаете дека се грижи за вас. Чекајте некој кој сака да се посвети на вас и на вашата врска, некој кој ве избрал вас и само вас. 

Чекајте некој со кого љубовта ќе делува лесно и смирено. Како да се враќате дома по напорен пат. Чекајте некој кој е отворен, некој кој не ве збунува со своите постапки, некој кому зборовите и делата му се поколопуваат. Чекајте човек што е искрен. 

Чекајте некој кој ќе направи сѐ што е во негова можност да не ве повреди, некој кој сака да го заштити вашето срце. Чеајте некој кој постојано ќе ве избира вас. Љубовта е избор кој го правиме секој ден. Заслужувате да бидете со човек кој сака да слушне што има да кажете и кој верува во вашите идеи и соништа. 

Чекајте некој кој не е совршен, туку реален. Совршеноста е илузија. Реалноста е местото каде што наоѓате нешто посебно и специјално.  

Чекајте човек кој ќе ве потсети дека љубовта секогаш треба да е нежна.