Чехов во само неколку реченици совршено ја опишал смислата на животот

Приказната на Чехов зборува за жената која не го сакала својот маж. Иако изгледал како некој кој е совршен маж кој ѝ дава сè на својата жена, таа не била задоволна. Сите негови пари, внимание и лесен живот не ѝ биле доволно.

Секогаш му наоѓала некоја маана, иако и самата не ја знаела вистинската причина, но едноставно не го сакала. Нејзиниот одговор бил: „Едноставно не ми се допаѓа.“ Нејзиниот сопруг не разбирал од каде поттикнува нејзината нетрпеливост кон неа. Се трудел на сите начини да го подобро своите однесување, а уште повеќе внимавал на неа и ѝ удоволувал, но ситуацијата со секој нов ден била сè полоша. 

Еден ден сепак решил да се откаже и да ја напушти. Се натоварил во чамец и запловил на море, некаде далеку од неа. Иако изгледало дека се подготвува голема бура, не се грижел за тоа. Мислел дека неговиот живот не вреди кога неговата жена не го сака. Ветровите станувале сè посилни и кога бродот повеќе не можел да се гледа од обалат, неговата жена почнала да вика за него: „Врати се!“

Тој момент бил како шамар за неа, сфатила колку ќе биде тежок животот без него и колку всушност го сака. Во еден момент сфатила дека покрај себе имала човек кој во секој момент бил покрај неа, кој бил нејзината најголема поддршка, некој кој бил добар и посветен и бил подготвен да направи сè за неа. Не бил идеален, помислила таа, но секогаш бил покрај неа. Но, чамецот, заедно со сопругот, само повеќе се оддалечувал, сè додека потполно не исчезнал во далечината.

А жената и натаму викала: „Врати се! Врати се! Те сакам!“, само што никој не можел да ја чуе. Морето било бучно, а невремето станувало посилно. Стоела на обалата и викала на цел глас, го повикувала, но немало одговор.

Луѓето дури по кавга и загуба сфаќаат колку навистина сакаат некого. Некогаш не сме во состојба да ги согледаме и сфатиме нашите чувства. Секогаш тежнееме кон нешто подобро и поубаво, па дури и кога сето она што ни треба е веќе покрај нас. Луѓето често ги идеализираат туѓите животи и врски, мислејќи дека нивните не се доволно добри, наместо да го ценат она што го имаат во моментот.

Времето поминува многу брзо, не дозволувајте поради некои илузии да си скратите уживање покрај саканата личност. Ценете го она што го имате, затоа што понекогаш животот не ни дава втора шанса. 

latest Running | Gifts for Runners