Чехов: Ако не знаеш што чувствуваш кон друга личност – затвори очи и замисли дека ја нема

Антон П. Чехов е познатиот руски писател и многу бистар и паметен ум. Ова се неговите најпознати мисли.

Доброто воспитување не е во тоа да не истуриш сос на масата, туку да не забележиш ако некој друг го направи тоа.

Колку е убаво да седиш во домот кога дождот удира на кровот, и кога знаеш дека во домот нема досадни луѓе.

Ако не знаеш што чувствуваш кон друга личност – затвори очи и замисли дека ја нема. Никаде, ја нема и не постои. Тогаш, ќе ви стане јасно.

Не можете да барате од калта таа да не биде кал.

За да чувствувате среќа без престан, дури и во моментите на тага и жалост треба:

А) да бидете задоволни од сегашноста

Б) да уживате во сознанието дека може да биде и полошо.

Добриот човек чувствува срам и пред кучињата.

Животот е всушност многу ендоставен и човек треба да вложи многу напор за да го уништи.

cheap nike air max 90