Чедомир Јаневски допатува во Скопје за да го преземе Вардар! (фото)

Поранешниот македонски селектор Чедомир Јаневски штотуку пристигна во Скопје каде што доаѓа на покана на раководството на ФК Вардар да ја преземе функцијата тренер по оставката на Гоце Седлоски, објави порталот „Спорт1“.

Новинарите на овој спортски портал го пречекаа македонскиот тренер кој не криеше задоволство што повторно е во градот каде што изникна како фудбалер.

Јаневски во Скопје како вардарец се враќа по 28 години.