„Час за општината“ - децата од ООУ „Тихомир Милошевски“ со предлози за подобра Општина Ѓорче Петров

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, присуствуваше на „Час за општината“ за 4-то а и 4-то б одделение во ООУ „Тихомир Милошевски“, под менторство на учителките Марија Лавчиска Ѓоргиевска и Даниела Сарафимова.

Целта на часот е децата да научат повеќе за функционирањето на локалната самоуправа и да дадат свои предлози за подобрување на Општината, во поглед на нивните потреби. 

-Малите, а големи умови на дечињата беа полни со предлози за тоа како да го подобриме нивниот свет. Тие предложија повеќе шеталишта, паркови за миленичиња, корпи за отпадоци и асфалтирани улици, а помалку диви депонии. Дечињата читаа и литературни дела „Што би направиле ние доколку сме градоначалник“ и имаа навистина изненадувачко одлични идеи за подобрување на животот во Ѓорче Петров. Од љубопитните ученици нешто научив и јас. Горд сум што во мојата општина учат толку умни дечиња и со задоволство ќе се заложам тие да добијат поголем простор во планирањето на моите следни чекори - истакна Стојкоски.