Час по убавина: Згодната Ана - одлично загревање во ова ладно утро

Згодната Ана од Скопје е одлично загревање ова ладно утро. Но, таа ќе ве загрее со своите вежби и ќе биде одлична фитнес инспирација со која ќе постигнете промени во вашиот живот и вашето тело. Освен тоа нејзиниот физички изглед е одлично загревање за сите, уште денес да почнеме да вежбаме и тоа упорно и без запирање.

Ана има вроден физички проблем, но нејзината желба за промени и напредок се тоа што ја води изминатите неколку години. Имала само 16 години кога прв пат решила да започне да вежба.

Физичкиот изглед за мене претставуваше еден битен дел од комплетната слика на еден човек. Покажува колку некој се грижи за себе и своето здравје, а воедно го покажува и цврстиот карактер. Сеуште го делам тоа мислење. Започнав со аеробик. Тоа беше период кога се случуваа видливи промени на мене, а со тоа и го засакав своето тело, вели Ана.

Редовноста на тренинзите е клучот за успехот во ова хоби. Колку почесто си присутен, толку промените се повидливи.

Секој успешен тренинг е победа за мене. Да не беше мојата пасија кон фитнесот и храброста да ризикувам немаше денес да го пишувам изгледа вака и да успеам да помогнам на многу од вас до сега, додава Ана.