Чартери за Турција и Египет - македонските граѓани го победија стравот од корона вирусот

Дел од македонските граѓани го победија стравот од корона вирусот. Ги пакуваат куферите и заминуваат на летување надвор од државата. Турција и Египет засега го имаат приматот меѓу дестинациите за кои постои најголем интерес.

Вчера веќе полета првиот авион за Анталија, а оној за Хургада тргнува на 10 август.

Од туристичките агенции сметаат дека ако и Грција ги отвори границите, нашите агенции ќе успеат да „фатат“ барем два месеца – август и септември. 

Полни се и домашните капацитети, особено оние во охридско-преспанскиот и дојранскиот регион, како и во планинските места. Кампањата „Дома си е дома“, сепак се покажа како успешна.