Чај од рузмарин -  ги чисти токсините и го забавува стареењето

Во природната медицина билките заземаат значајно место а рузмаринот е една од најздравите од нив.

Рузмаринот го подобрува варењето, позитивно влијае на концентрацијата и фокусот, а го намалува и оксидативниот стрес со што го спречува стареењето. Оваа билка може да се користи на многу начини, а една од нив е и чајот.

Тој е особено корисен за варењето,чистењето од токсините и здравиот црн дроб. Кога редовно се конзумира, тој го намалува и ризикот од воспаленија и е одличен за детоксикација. Тој влијае одлично на цревната микрофлора, што придонесува за намалување на подуеноста и грчевите, а помага и за намалување на шеќерот во крвта. Одличен извор на витамини А, Ц, каротеноиди, калиум, калциум, магнезиум и фосфор.

Како да го подготвите?

1 кафена лажица сув рузмарин прелијте го со 200 мл провриена вода. Оставете да отстои околу 15 минути, а потоа процедете  и пијте го бавно. Се препорачува една до две шолји на ден.