Чај од коприва за чистење на организмот

Копривата е билка која првенствено се користи за прочистување на крвта и исфрлање на вишокот течности во организмот. 

Таа содржи железо, калциум, фосфор, витамин Ц, а се користи кај анемијата, хроничниот замор и недостатокот на енергија. Ја сметаат за природен мултивитамин бидејќи има благотворно дејство на целиот организам.

Нејзините бенефити за нашето здравје се следните:

  • Ја чисти крвта и ја враќа силата
  • Ги овновува црвените крвни зрнца
  • Ги чисти белите дробови и ја лечи астмата
  • Помага кај чир на желудникот и проблеми со цревата
  • Го јакне нервниот систем и ја ублажува несоницата

Таа се користи и во кулинарството, но најчестата употреба е како семе со мед или пак чај. Чајот од коприва го чисти организмот, но и ослободува од замор и исцрпеност.

Сепак, треба да бидеме внимателнни, бидејќи претераното консумирање на овој чај може да доведе до несакани реакции, па се препорачува внимателност.