Чај од кантарион – природен антидепресив и борец против стресот и нервозата

Кантарионот со векови се користи во природната медицина.

 Photo by Content Pixie on Unsplash

Многу нутриционости и натуропатски доктори посочуваат за многуте одлични дејства кои оваа билка ги има на нашето тело или ум. Тие велат дека кантарионот е моќен природен антидепресив.

Тој често во народната медицина се користи како природен лек против лошото расположение, стресот и нервозата, а некои истражувања покажуваат дека е корисен и кај пациенти кои се соочуваат со депресија. Освен тоа, неговото дејство е одлично и против симптомите предизвикани од предменструалниот циклус кај жените, а тој се препорачува и кај проблеми со желудникот. Мастите на база на оваа билка се одлични за зацелување на раните, како и помош против изгореници. 

Но, тој треба внимателно да се консумира, а не се препорачува кај трудници и доилки. Доколку земате одредена терапија, кантарионот може да го намали дејството на одредени лекови, па затоа најдобро е да се консултирате со својот матичен доктор. 

Начин на подготовка:

1 супена лажица цветови од кантарион треба да се прелие со 200 мл превриена вода и да отстои 15 минути. Пијте го овој чај три пати дневно пред јадење, освен ако не е поинаку препорачано.