Чај од ѓумбир за студени денови без грип и настинки

Ѓумбирот е една од најдобрите состојки кои можеме да ги користиме во исхраната поради многуте бенефити за нашиот организам и здравје.

Тој е одличен за намалување на проблемите со варењето, главоболките и мачнините, но и за губење на килограмите. Сепак, во текот на есента и зимата највеќе го препорачуваме поради тоа што го чува нашиот имунитет и не штити од грип и настинки.

Потребни состојки:

Корен од ѓумбир  (излупен и исецкан на парчиња)

250 мл вода

Мед (за подобар вкус)

Начин на подготовка:

Загрејте ја водата до температура на вриење, но не дозволувајте да преврие.

Додадете го ѓумбирот и оставете да отстои околу 5 минути.

Додадете мед по желба.

Пијте го овој чај топол.