Чај од 2 состојки кој ќе ви го подобри здравјето, но ќе ви помогне и да ослабете

Само 2 состојки се потребни да го подготвите овој чај – ѓумбир и вода. 

Изрендајте 1 ѓумбир со средна големина, откако добро ќе го измиете. Ставете го во превриена вода и оставете да отстои околу 10 минути.

Пред пиење, исцедете ги парченцата ѓумбир и фрлете ги. Ако сакате постуден пијалок, оставете да се олади или додајте мраз. Вкусот на ѓумбир може да биде интензивен, па затоа во овој чај можете да додадете и 1 ливче нане, цимет,  мед или друг природен засладувач.

Ако се држите до советите, овој чај ќе ви ги намали мачнините, болките во желудникот, го смирува варењето и помага кај кашлање и опуштање на мускулите. Освен тоа, може да ви помогне и во намалување на вишокот килограми.