Чај кој ќе ви помогне побрзо да ги намалите килограмите

За овој чај се верува дека прави чуда во намалување на килограмите. Станува збор за едноставна комбинација од ѓумбир и јаболко. 

Иако не постои магична состојка која ќе ни помогне да ослабеме, изборот на состојки е клучен за намалување на килограмите. Важно е да се држиме до здрав начин на исхрана и да практикуваме активна физичка активност во текот на неделата, особено по долго седење.

Овој чај содржи две моќни состојки кои се природни и кои се ниски во однос на бројот на калории, но богати со природни влакна. Освен тоа, јаболките се познати како здрав „убиец” на апетитот, а помагаат и во варењето на храната, подобрување на метаболизмот и се одлични во процесот на детоксификација на нашето тело.

Ѓумбирот е одличен додаток бидејќи содржи антиоксиданти кои го подобруваат дигестивниот систем, помагаат во регулирање на нивоата на шеќер во крвта и тој е особено одличен за луѓето кои страдаат од дијабетес.

Освен помошта во намалување на вишокот килограми, овој чај има и смирувачки ефект а и одличен вкус.

Потребни состојки:

1 јаболки

1 корен од ѓумбир

3 чаши вода

1 лажица мед за подобар вкус (по избор)

Првиот чекор е лупење на јаболкото и сечкање на ситни коцкички. Потоа, излупете го ѓумбирот и изгмечете го или изрендајте го. 

Провријте ја водата и во неа додадете ги парчињата јаболко и ѓумбир. Оставете да врие дополнителни 10 минути и потоа процедете. Нека се олади малку и чајот е готов за дегустација.