Чадиковски: Ако Скопје е дијагноза, простотилукот и некултурата се болеста

Доктор Владимир Чадиковски, специјалистот по детска хирургија, на социјалните мрежи објави пост, кој се чини дека алудира на говорот на музичарот Митко Попов, на митинг на СДСМ. 

Попов тогаш рече дека „Скопје е дијагноза“, на што Чадиковски даде свој став. 

„Дијагноза се користи во медицината како израз за препознавање на некоја болест. Ако Скопје е дијагноза, простотилукот и некултурата се болеста“, напиша Чадиковски