Чад го поклопи Скопје, се претпоставува дека доаѓа од пожарот на Јасен

Попладнево чад и смрдеа се забележаа во Скопје. Најмногу го почуствуваа жителите на Карпош и Центар. Досега никој од надлежните ниту од Градот Скопје не излегоа да објаснат на што се должи ваквиот мирис на чад.

Во јавноста се појавија претпоставки дека чадот доаѓа од пожарот на Јасен каде гори помеѓу селата Брезница и Тажево.