Цермат и Црвен крст со акција за освежување на високите температури

Денес, 29.7.2021 г., Цермат во соработка со Црвен крст подаруваше бесплатни сладоледи во вакциналниот пункт во Битола.

Компанијата Цермат, како дел од политиката за општествена одговорност и партнерска соработка со Црвен крст, донираше 1 500 сладоледи за лицата во вакциналниот пункт во Битола. 

„Во овој пункт располагаме со персонал од над 70 лица што се лекари, среден медицински персонал, администратори и волонтери од Црвениот крст. Високите температури се дополнителен предизвик за нас и за граѓаните. Затоа сме им благодарни на сите што наоѓаат начин да се вклучат и да го дадат својот придонес“, изјави д-р Марија Димовска, координатор во вакциналниот пункт.

Цермат ќе продолжи да ги следи активностите на Црвениот крст низ земјата со цел да им ја олесни работата на волонтерите, а на граѓаните да им овозможи кратка воздишка и освежување на високите летни температури. 

Црвен крст ги повикува сите останати компании, кои се во можност, да се вклучат во акциите што се организираат низ целата држава.