Централниот регистар ќе прима годишни сметки до 21 часот

Централниот регистар на Република Северна Македонија ги информира сите обврзници дека ќе врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2018 година на 26, 27 и 28 февруари и на 15 март од 08.00 до 21.00 часот.

Во овие денови, но со работно време од 08:00 до 16:00 часот, Централниот регистар овозможува прием на годишните сметки во хартиена форма за 2018 година за правните субјекти и во Кратово, во објектот на Општината, Демир Хисар, исто така,  во објектот на Општината и во Крушево во објектот на Уни банка. Во овие градови Централниот регистар нема свои канцеларии.

Од Централниот регистар Микро и мали субјекти кои нема да  достават годишна сметка во хартиена форма во законскиот рок, ќе имаат можност годишната сметка, согласно Законот за трговски друштва да ја поднесат во електронска форма до 15 март 2019 година.