
Денес во Центарот за управување со кризи се одбележаа 20 години од своето формирање.
ЦУК е формиран на 5 октомври 2005 година и веќе две децении претставува клучна институција во Системот за управување со кризи, се вели во денешната објава на ЦУК.
Директорот на ЦУК, г. Мухамед Али и заменик директорот, г. Трајче Јовановски, им честитаа на сите вработени за јубилејот и им се заблагодарија за долгогодишната посветеност, професионалност и придонес во работењето на Центарот.
Во рамките на одбележувањето беа доделени благодарници и пофалници, како признание за вложениот труд на Секторите и Регионалните центри за управување со кризи.
„ЦУК останува посветен на својата мисија – навремено и ефикасно справување со кризи, со тим кој соработува и се развива веќе две децении, се вели во објавата.