Центарот на главниот град 4 дена ќе биде обоен во сите бои - Skopje Light Art District

4 дена, 25 уметници, групи и музичари на 18 локации, со своите изложби, перформанси и 3Д мапирања ќе го осветлат центарот на главниот град и ќе го обојат во сите бои.

Со почеток закажан за 20:00 часот на 29-ти мај во Куршумли Ан, од Старата скопска чаршија, преку кејот на Вардар, па сѐ до Градскиот Парк, следете ја патеката, придружете ни се и бидете дел од магијата на Skopje Light Art District 2019!