Центарот ќе се затвори за коли: Скопскиот трамвај ќе минува по средина на Партизанска до Ново Лисиче

Градскиот татко го објави планот на трасата по која ќе се движи трамвајот во Скопје. Имено, според овој план, центарот на градот и неколку клучни булевари во Скопје нема да бидат дозволени за возила, освен за самиот трамвај и за градските автобуси.

Според планот на сообраќајниот проект, трасата на трамвајот ќе започнува од кружниот тек кај Порта Влае, ќе се движи по Партизански одреди, потоа преку Рекорд и Собранието на Република Македонија, во близина на зградата на Црвен крст, кон Комплексот банки и Железничката станица, по булеварот Јане Сандански до Ново Лисиче.

Дел од скопјани се скептични за реализацијата на планот за трамвај. Повеќе веруваат дека е можно да се изјалови истиот, отколку да се реалзира. Другиот дел пак го критикуваат посочениот план како невозможна мисија оти не смее да се запре крвотокот во Центар бидејќи околните улици немаат капацитет да ги издржат илјадниците автомобили кои би се пренасочиле по нив.