Центарци среде лето дишат загаден воздух

Ако в зима причина за загадувањето е несовесноста на граѓаните кои домовите ги затоплуваат со што стигнат – горат паркет, стар мебел, гуми… која е причината за загадениот воздух среде лето?!

Изгледа на центарци им е ладно, па среде лето решиле да ги активираат ќумбињата…

Во минатата есен и зима Скопје речиси постојано беше меѓу топ 5 најзагадени градови во светот, а неколкупати се искачуваше и на самиот врв на оваа неславна листа. Граѓаните се жалеа дека буквално дишат отров и се задушуваат. Последните бројки на Пм честици покажуваат дека проблемот со загаденост е присутен и сега, но никој не обрнува внимание на него. И додека во зима изговорот за високата загаденост е греењето на домаѓинствата, се наметнува прашањето кој е сега виновен за моменталното високо загадување?

Сите денешни вести прочитајте ги тука.