Центарци се жалат на сообраќаен метеж, градоначалникот најави реонски редари

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, најави враќање на реонските редари со цел поголема безбедност во населбите.

Според најавите, во текот на летните месеци кога кражбите се зачестени на подрачјето, на оваа скопска општина, ќе профункцинораат реонските редари, што наиде на пофалба од страна на центарци.

Тие велат дека особено во летните ноќи се потребни вакви служби кои ќе бидат гаранција за безбедност, но и начин на превенција од кражби, вандализам и слични несакани појави.

-Да се реализира што поскоро и паркчето во Капиштец да добие редар особено во ноќните летни часови, вели една скопјанка од Центар.

-Теренските служби треба да сугерираат и на други проблеми во општината. Сериозен проблем е сообраќајниот метеж во Центар. Воедно од аспект на преоптовареност, паркирање по тротоари и отежнато разминување на возила. Особена опасност е отежнато движење на пешаци поради масовно паркирање на возила по тротоарите, а добар дел од пешаците се деца што одат на училиште, сугерира друг скопјанец од Центар.