Центар тоне во ѓубре

Таксисти карши „Холидеј Ин“ направиле дива депонија од нивните чаши за кафе. Тука се наоѓа стојалиштето за такси возила, таксистите купуваат кафе од автомат, пијат и чашите ги фрлаат зад оградата на руинираните бараки.

Велат дека никој не го собира сметот, па мораат да фрлаат наоколу. Погледнете како изгледа една канта за отпадоци и околу неа.

Патеката која води кон ГТЦ, рестораните, хотелот „Холидеј Ин“, плоштадот, така наречената пешачка зона која е окупирана од автомобили…Со поглед кон МАНУ, исто така, ѓубре собрано на купчиња, стои со денови и полека се претвораат во диви депонии.