Центар ќе се забетонира, по ланските 449 сега се градат уште 178 станови

Иако навидум тешко се наоѓаат слободсни парцели, скопската општина Центар повторно станува Елдорадо за градителите на станови.

Отако во текот на целата мината година оваа скопска општина издаде одобренија за градење на вкупно 449 станови, а во јануари годинава имаше целосно затишје со ниту една дозвола, во февруари и во март Центар е повторно на нишан на градежниците. Со издадените одобренија за градење на 104 станови во февруари и на уште 74 во март, во најатрактивната општина во Македонија од почетокот на годината се подигаат уште 178 нови живеалишта, најголемиот дел од нив двособни.

Центар всушност се гради секој петти од становите за кои општините низ државата издале одобренија во март. Вкупниот број станови во државата предвидени за градба со тие дозволи е 342. Извештајот на Државнот завод за статистика за издадените одобренија за градење покажува дека во март компаниите кои градат станови повторно се фокусирале на Скопје, кое треба да се поднови со 268 нови живеалишта. Така, освен оние во Центар. поголрем број стнаови се градат и во Гази Баба, општина која дозволила градба на 73 нови живеалишта. Не спласнува атртактивноста и на општините Аеродром, и Кисела Вода, каде што се градат по 40 станови, додека пак во Карпош бројот на новоградбите е намален на 24.

Во останатите региони од државата владее градежно затишје. Во Вардарскиот регион е почната градба на 23 стана, од кои осум во Велес, по пет во Кавадарци и Лозово, три во Неготино и два во Чашка. Источниот регион ќе се поднови со само 24 стана, од кои по три во Берово и Пробиштип, еден во Делчево, пет во Штип, а дури 12 во Чешиново-Облешево.

Локалните самоуправи во Југозападниот регион во март издале одобренија за градење на вкупно 15 стана, од кои најмногу, пет во Охрид, еден во Струга, четири во Кичево, два во Дебарца и три во Македонски Брод.

Само 26 стана почнале да се градат во март во Југозападниот регион. Најмногу, 11, се во Босилово, додека во поголемите градски средини, како Струмица и Радовиш, само два, односно пет, По три стана, поточно семејни куќи се во градба во Гевгелија и Василево, а само една во Ново Село, а две во Дојран. Намалена е градбата и во Пелагонискиот регион. Од вкупно 13 станови, шест се градат во Битола, по три во Прилеп, по еден во Ресен и во Долнени, а два во Кривогаштани. Затајува и Полошкиот регион, каде во континуитет многу се градеше, со само 27 нови станови, од кои 10 во Желино, седум во Гостивар, по еден во Јегуновце, Маврово и Ростуше и Боговиње, два во Брвеница, а пет во Теарце.

Најмалку станови се градат во Североисточниот регион, вкупно девет во сите општини што спаѓаат во него. Најголем дел тие станови се во Куманово, вкупно четири и во Ранковце – три. Во Крива Паланка и во Кратово, пак почнала изградбата на по еден нова куќа.

Вкупната површина на 342-та стана чија изградба стартувала пред два месеца е нешто околу 27.400 квадратни метри, што значи дека во просечно земено, еден стан има 90 квадрати метри. Но, според Државнииот завод за статистика, една третина или 113 од тие станови се трисобни. Од останатите 89 се двособни, 62 се еднособни, 36 имаат четири соби, 23 имаат пет, а 17 шест соби. По еден стан се со седум и осум или повеќе соби. Станот со осум соби се гради во Центар, а тој со седум во Босилово.