Центар, Карпош и едно скопско село од утрово без вода

Делови од три скопски општини денеска ќе останат без вода. Станува збор за неколку улици од Центар, Карпош и дел од село Морани. 

Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска без водоснабдување ќе бидат:

– Поради уличен дефект на водоводна цевка од ф-2 цола на улицата Ванчо Мицков бр. 13, во периодот од 9 часот до одстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Ванчо Мицков, општина Карпош;

– Поради уличен дефект ф-80мм на Рајко Жинзифов 32, прекинато водоснабдување од 08 часот ќе имаат корисниците на дел од Рајко Жинзифов, дел од Владимир Полежиновски, дел од Стефан Јакимов-Дедов и дел од Борка Талевски, општина Центар;

– Поради дефект на затворач од ф-100 мм на ул. 1 б.б во село Морани кај кружниот тек, во периодот од 08 часот до одстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од село Морани, општина Студеничани.