Центар и Ректорат денеска најзагадени

По намалувањето на температурите и завршувањето на невообичаено долгата есен, речиси и да нема ден загадувањето во Скопје да не над дозволената граница. Така денеска на само час и половина по пладнето, загадувањето во главниот град  во повеќе општини е над дозволената граница.

Така во Центар присутството на ПМ 10 честичките е 77 микрограми на метар кубен, а кај Ректорат 76.

Овие вредности се повторно загрижувачки ако се земе в предвид дека во вечерните часови загадувањето се зголемува неколкукратно.