Центар е првата скопска општина која ќе се вклучи во „Банка за храна“

Општина  Центар информира дека е првата општина во град Скопје која се вклучува во проектот „Банка за храна“. Општината логистички и просторно ќе помогне во реализација на проектот за НУЛА ГЛАД во Центар.

Социјални семејства, ќе добиваат социјални пакети и храна, која ќе биде донирана од угостителските објекти и маркети.  Оваа помош ќе им биде распределена на оние на кои што им е најпотребна.

– Просторот е веќе обезбеден и изгласан на седница на Советот на општина Центар. Со ова ќе го дадеме својот придонес да се намали бројот на гладните во Центар и  активно ќе се вклучиме во борбата против сиромаштијата и гладот – рече градоначалникот Саша Богдановиќ, кој е амбасадор за борба против гладот.

Проектот е поддржан  од Европската унија преку ИПА програмата за граѓанско општество.