Цените растат побргу од платите - како да се преживее еден месец?

Основната потрошувачка кошничка стигна до 34.000 денари. Ниту една просечна плата, ниту две минимални плати не стигнуваат за да се задоволат потребите на едно четиричлено домаќинство. Според пресметките што ги прави ССМ секој месец, основните потреби на едно семејство за еден месец се зголемиле за над 200 денари.

Од синдикатот велат дека токму на ова предупредуваа кога бараа повисока минимална плата која Владата и работодавачите ја одбија. Велат дека цените растат многу побрзо од платите. Тоа се случува во услови кога транспортот не е поскапен, што значи дека  трендот на поскапување допрва почнува. Од ССМ велат дека мора да се бара начин за зголемување на платите.

Оние семејства кои имаат на располагање по 34.000 денари месечно, близу 75% од приходите ги трошат на храна и сметки. Според пресметките на ССМ, тие најмалку трошат за одржување на здравјето или само 2% од приходот.