Цените на становите ќе растат иако над 5.000 новоизградени се непродадени

Цените на становите ќе растат иако над 5.000 новоизградеи се непродаддени. Градежниците велат поскапувањето е поради зголемени трошоци во работењето. Цените на градежните услуги се поскапени за 15 отсто во споредба со лани, а поради немањето на  кадар за работа , градежните фирми мораат да ги зголемат платите за да ги задржат работнците. Сите овие трошоци влијаат на крајната цена. 

Градежниците очекуваат во следниот период општините да ги донесат деталните урбанистички планови и да се симне мораториумот за градба во општините Центар и Карпош. Сметаат дека треба да се гради и градот да се развива , но тоа да биде плански и да нема последици.

Цената за метар квадратен на становите се движи од 1.000 до 1.200 евра во зависност од локацијата, но и од квалитетот на градбата. Најскапи се во Аеродром, Карпош и Центар. Според последните податоци на агенцијата за катастар во моментов се градат уште 11 илјади нови станови.

Градежниците се жалат и на проблеми  при спроведувањето  на јавните набавки. Велат дека е потробно да се обучи  администрација  за да може да има подобрување во оввој сегмент.