Цените на производите маркетите ќе ги објавуваат на веб страна?

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција во Владата кажа дека една од мерките што тој ќе ги предложи на седница на Влада е цените на сите производи во маркетите да бидат објавени на веб страна, па да можат граѓаните сами да одлучат каде да пазаруваат.

„Не би сакал да шпекулирам, еве една од мерките која што сакам да ја кажам и ќе ја предложам на Влада, сите ланци на овие супер маркети, хипер маркети да имаат јавна веб страна, транспарентна, на која што ќе ги објават сите цени на сите производи кои што ги имаат во своите маркети, да можат граѓаните да видат јасно колкави се цените, и оние самите да одлучуваат, како што имаат некои земји во светот и да ги следиме тие трендови и да направиме некаков хистограм на движење на тие цени“, одговори на новинарско прашање премиерот Мицкоски.