Цените на нафтата под 23 долари за барел, најниски во последните две децении

Загриженоста за побарувачката ги задржа цените на нафтата под 23 долари.  Aмериканско-руската најава за преговори за стабилизција на пазарите за енергенси ја неутрализираше загриженоста за побарувачката поради пандемијата на коронавирусот.

На лондонскиот пазар цената на барелот се спушти на 22,83 долари, што е најниско ниво од крајот на 2002 година, а на американските берзи цената на барел изнесуваше 20,61 долар, што е најниско ниво од февруари 2002.

Цените на нафтата го достигнаа минимумот во последните две децении.