Цените на храната во Скопје превисоки, храната грозна - Скопјани се жалат од овие услуги

Граѓаните константно се жалат на цените на храната. Евентуално поевтинување се очекува од 15.декември кога ќе почне да се реализира „новогодишната кошничка“ на прехранбени продукти со попуст. 

Растот на цените на храната се потврдени и од Државниот завод за статистика кој пресмета дека трошоците за животот во ноември 2024 година, во однос на ноември лани, бележат зголемување од 4.3 %, а цените на мало од 4.0 % 

Граѓаните коментираат дека „двеилјадарката“ стана „ситно“ кога е во прашање пазарување на храна, а скопјанка на „Твитер“ се пожали не само на цените, туку и на квалитетот. 

- Цените на храната во Скопје заминаа во вселената. Ултра грозна храна се служи за тие пари. Инаку, овие сендвичи, чии, боулс, итн. не вредат за цените.