Цените на храната и натаму ќе растат - во прв ред на лебот и маслото за јадење

Храната и натаму ќе поскапува. Први на удар ќе бидат маслото за јадење, кондиторските производи, лебот. Сите производни трошоци растат. Само цената на струјата што ја плаќаат индустриските капацитети за една година е зголемена за 100%. Цените на транспортот заради пандемијата растат уште повеќе. Цената на пченицата која ќе влијае на крајната цена на брашното и лебот за една година е зголемена за 20%. Кај суровината за маслото, сончогледот зголемувањето е уште поголемо, пишува порталот Република

Вицепремиерот Битиќи вчера во гостување на ТВ Сител рече дека пандемијата се одрази на животниот стандард на граѓаните. Но мерките кои ги презеде Владата, како што вели тој, во послдните години влијаеа ударот да не биде толку силен што според него се гледа и од односнот на минималната плата и потрошувачката кошничка.

И НБРМ евидентира раст на цените над очекувањата, а тој тренд се очекува да продолжи заради неизвесноста на странските пазари.