Цените на горивата остануваат исти

Цената на дизелот и на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 110 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 112 , додека пак ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 110 денари.

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) исто така останува иста, односно ќе се продава за 107 денари за литар.

 Mалопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,4 денари и таа изнесува 55,3 денари.