
Во врска со дебатите за цените во Скопје, како и во Охрид во екот на летната сезона кои периодов се актуелни на социјалните мрежи, на „Х“ (поранешен Твитер), беше споделено последно искуство со цените во Ница, Франција, но и искуство со цените во Охрид, кои отворија прашалници во главата кај многумина.
Имено, профилот со псевдоним „Талогот на општеството“ сподели свое искуство од центарот на Ница, каде што вели дека јадел бифтек со пире и за тоа платил 22 евра. Со тоа добил и бесплатно кафе и вода.
Притоа, бифтекот го оцени како неспоредлив со, како што вели, „дрвото“ кое се продава во Скопје.
„Бев во Ница на два дена, слики немам од плажи, не бев. Ама имам две слики од кафана да ви покажам. Центар на Ница, да се разбереме. Бифтек 250 г. топ квалитет. Неспоредливо со дрвото тука што не се сече и ти го продаваат у Скопје. Пире околу 200 грама, салата која иде како прилог, ама не е прилог туку пола порција. Вода 700 мл еве ја на слика, бесплатна. Кафе еспресо од куќата. Цена: 22 евра“, гласи неговиот твит.
Бев во Ница на два дена, слики немам од плажи, не бев. Ама имам две слики од кафана да ви покажам. Центар на Ница, да се разбереме.
Бифтек 250 г. топ квалитет. Неспоредливо со дрвото тука што не се сече и ти го продаваат у Скопје. Пире околу 200 грама, салата која иде како… pic.twitter.com/MGDVuUpxVQ— Талогот на општеството (@NikolasTweet) July 30, 2026
Исто така, сподели уште една сметка, каде што потрошил 32 евра, за кои рече дека е било во ред, во однос на нарачаното.
Во стариот град, ама јадев и надвор од мени исто ноќе и платив 32 евра, што е исто ок. Плус пиво. pic.twitter.com/w9AVrUhCwn
— Талогот на општеството (@NikolasTweet) July 30, 2026
Од друга страна, поранешниот директор на Зоолошката градина во Скопје Ѓорѓи Галетановски – Чомбе, во објава на Фејсбук, иронично ги коментираше цените во Охрид, откако објави сметка од ресторан каде може да се забележи дека за 600 грама пастрмка платил 3.720 денари.
„Наредно лето ни децава од Скопје нема да ви одат, ќе седат само холанѓани дедовци и баби“, напиша Чомбе.
На „Х“ други твитерџии веќе почнаа со фаќање сеир за цените во Охрид во пресрет на продолжениот викенд.
„Продолжен викенд во Охрид: плаќаш цени како во Монако, добиваш услуга од 1984 година, а 70% од времето го поминуваш барајќи паркинг или барајќи сметка што не е рачно напишана“, вели еден од нив.
Продолжен викенд во Охрид: плаќаш цени како во Монако, добиваш услуга од 1984 година, а 70% од времето го поминуваш барајќи паркинг или барајќи сметка што не е рачно напишана.
— kjelav (@blejd) July 31, 2026