Цената на кафето руши рекорди, во маркетите цената е различна поради старите залихи

Цената на кафето во светот руши рекорди на берзите што ги предизвика не само производителите туку и трговците драстично да ги сменат цените на своите производи. Тоа се одрази и кај нас во Македонија откако на социјалните мрежи почнаа да се појавуваат фотографии со различни цени во кафето во зависно од кој маркет се пазарува.

Порталот „Бизнис вести“ исконтактирал некои од домашните производители на кафе се со цел да се дознае зошто има вакви драстични цени во кафето на домашниот пазар.

„Со цел да провериме каква е реалната ситуација го контактиравме македонскиот производител Рио Кафе. Од таму не информираа дека и самите забележале одредени разлики во цените на Bravo Premium во различни маркети, но причината за тоа е што некои маркети сè уште располагаат со стари залихи, додека други веќе продаваат нови количини по новата цена, која е покачена за 20%. Ова е резултат на природниот пазарен процес, и тоа многу брзо ќе се нивелира, а потрошувачите да не подлегнуваат на манипулација или дезинформации“, се вели во одговорот до „Бизнис вести“

Од таму нагласуваат дека во оваа ситуација квалитетот на кафето останува нивен приоритет бидејќи сакаат да ја задржат довербата на потрошувачите и да им обезбедат кафе кое ги задоволува стандардите на кои се навикнати.